ПРОТЕКТОР

Сакате да се заштите себе си и вашите деца?

Заштитете се навреме!

Протектор претставува осигурување на живот кое се договара во случај на смрт, во случај на смрт како последица од несреќен случај,
доживување или настанување на одредени тешки болести. Доколку настапи смрт како последица од несреќен случај или тешка болест за времетраење на полисата, се исплаќа осигурената сума во целост и полисата завршува.

Она што го издвојува овој производ е и покритието во случај на тешка болест кај вашите деца (на возраст од 3 до 18 години), при што оваа заштита важи за најмногу две деца. Во таков случај, се исплаќа 100% од осигурената сума, а полисата продолжува да важи непроменета.

Со Протектор, како дополнителни осигурувања може да се вклучат:

  • Дополнително осигурување во случај на траен инвалидитет како последица од несреќен случај
  • Дополнително осигурување во случај на операции

Во текот на целиот период на траење на полисата, вашиот живот е осигурен, така што во случај на смрт вашето семејство ќе биде обезбедено.

Што добивате со Протектор?

  • Полисата може да се винкулира во корист на банката
  • Вредноста на вашата инвестиција е заштитена со валутна клаузула
  • Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот

УСЛОВИ:

  • Минималната годишна уплата изнесува 250 евра
  • Овој продукт е наменет за секое лице на возраст од 15-60 години
  • Покриеноста на осигурувањето од тешки болести е до навршени 65 години на клиентот
  • Времетраењето на осигурувањето може да биде од 10 до 40 години
  • Максималниот период на траење на ова осигурување е до навршени 70 години на клиентот
  • Како договорувач на осигурувањето, освен физички лица, може да се јават и правни лица.
  • Можност за фиксна индексација од 2%
  • Начин на плаќање: повеќекратно (месечно, квартално, полугодишно и годишно)

По истекот на првата година:

  • Промена на висината на годишната уплата
  • Промена на начинот на плаќање

По истекот на третата година:

  • Капитализација (замрзнување на полисата)
  • Мирување од една година
  • Откуп на полисата (повлекување на средствата)

КАЛКУЛАТОР

 * одберете производ *

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life