Продуктот за животно осигурување ФУТУРА е продукт со кој може да си ја обезбедите вашата иднина преку инвестирање во акции во светски реномирани компании и истовремено имате можност да добиете и многу поголем профит за парите што ги вложувате.
НЛБ Топ Брендови е глобално ориентиран фонд со акцент на “Blue Chip” компании кои функционираат во повеќе земји и региони, така што економските и политичките услови надвор од неговата матична земји влијаат на неговите перформанси. Неговата суштина е во флексибилност, што значи приспособување кон условите на пазарот. Овие компании имаат најбрз пристап како до човечки така и до финансиски капитал. За возврат, тие создаваат идеи што го менуваат светот. Фондот инвестира во компании кои глобално вработуваат таленти и се брзи во реализација на нивните идеи. НЛБ Топ Брендови е комбинација од сигурност и профитабилност.
Корисни линкови
Македонска берза АД Скопје
НЛБ ФОНДОВИ