Винер Лајф како компанија секогаш се труди да биде максимално транспарентна кон своите клиенти. Ние сме компанија на која ѝ е исклучително важен квалитетот на услугата која ја даваме на нашите клиенти, а особено постпродажната услуга.
Во таа насока, Ве информираме дека во јануари 2024 година испративме информативни писма до клиентите кои имаат наши производи поврзани со вложување во инвестициски фондови.
Писмото содржи информации околу распределбата на Вашата осигурителна премија за 2023 година, што секако, зависи од времето кога сте ја склучиле полисата. Информацијата во известувањето се однесува на целата уплатена премија, како за основното, така и за дополнителните осигурувања. Со тоа, ќе имате целосен увид во инвестициите и трошоците за претходната година од Вашата инвестиција.
Информациите кои ги споделуваме со Вас не значат дека во претходно презентираните и договорени услови за полисата има било какви измени, туку само ја зголемуваме нашата транспарентност.
Како што знаете, цената на уделите на инвестициските фондови се менува секојдневно, а со тоа и вредноста на Вашата инвестиција. Движењето на цената на уделите, во зависност од инвестицискиот фонд, можете да го следните преку нашата интернет страница (во делот за соодветниот осигурителен производ) и на следниве линкови:
WFP: https://www.wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium/
Генерали Инвестмент: https://www.generali-investments.mk/fondovi/top-brendovi/
Состојбата на Вашите полиси можете да ја следните на нашата веб страна: https://winnerlife.mk/mojasmetka/login.php
Секогаш на Ваша страна.
Винер Лајф АД Скопје
Вашето животно осигурување.