Шпаркасе Банка го воведува Унит Линкед во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на  осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Унит Линкед, кој нуди животно осигурување со инвестирање.

УНИТ Линкед  е производ наменет за клиенти кои сакаат да бидат животно осигурани, но истовремено и да инвестираат во инвестициски фондови и да остварат принос на вложените средства.

За целото времетраење на договорот, клиентот има животно осигурување на договорената сума која клиентот сам ја избира, а по истекот на договорот, се исплаќа вредноста на инвестициското портфолио.

,,Користејќи ги придобивките од експертизата на Шпаркасе Банка во банкарското осигурување, акумулираното знаење на осигурителна компанија Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје  и високоприносната стратегија на WVP инвестицискиот фонд, ја креиравме атрактивната Унит Линкед понуда за нашите клиенти. На клиентите им нудиме уникатна можност да бидат осигурени, а во исто време да инвестираат на меѓународна берза и да остварат атрактивен принос преку професионално управување со средствата од страна на инвестицискиот фонд WVP. Истовремено клиентите имаат  и можност да станат индиректни акционери во странски познати компании како што се Apple, BMW, Daimler, Nestle, L’Oreal, Amazon и други. Шпаркасе банка континуирано работи на креирање на атрактивни понуди од областа на банкоосигурувањето и следење на сите  најнови трендови во оваа област” изјави Санел Кустурица, Претседател на Управниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

“Навистина сме горди што Винер Лајф во соработка со ВФП Фонд Менаџмент го пласираше производот Лајф Инвест (Unit Linked) со што стана прва компанија во Македонија која понуди Унит Линкед производ за осигурување на живот. Среќни сме што Шпаркасе одлучи  токму овој производ да го понуди на своите клиенти пред се како средство за осигурување од несакани ризици но исто така и како алтернативен начин на инвестирање. Unit Linked осигурителните производи каде што спаѓа и Лајф Инвест се производи кои имаат најголем пораст во продажбата во последните 5 години. Нудат можност за инвестирање во портфолио сочинето од странски компании со висок рејтинг а во исто време поркиваат и ризик од смртен настан како и покритие од дополнителни ризици кои клиентот може да ги вклучи во зависност од неговите желби и потреби.

Наша цел е заедно со Шпаркасе Банкада на Македонските граѓани да им понудиме производ со исти квалитети како и во развиените европски земји, притоа задржувајки ја целосната транспарентност кон клиентите.” изјави Дарко Дедиќ, Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје.

Клиентите, согласно своите можности и потреби, го избираат износот на осигурената сума, како и висината на инвестициската компонента. Притоа, клиентите добиваат годишен извештај за состојбата на нивните вложувања во инвестицискиот фонд, како и можност за постојан увид (преку веб страната на Винер Лајф  https://winnerlife.mk/mojasmetka/login.php) во нивното инвестициско портфолио.

УНИТ Линкед животното осигурување е достапно за сите клиенти на возраст од  14 до 65 години, плаќањето може да биде годишно и месечно, при што минималниот период на осигурувања со вложување на удели во инвестициски фондови изнесува 10 години, а минималната годишна премија изнесува 300 ЕУР во денарска противредност.

Подетални информации  за УНИТ Линкед- животно осигурување со ивестициска компонента како и за инвестициските фондови може да се најдат на веб страните https://winnerlife.mk/proizvodi/life-invest/ и  https://wvpfondovi.mk/mk/wvp-premium-invest/ 

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life