Кој вели дека животното осигурување не се исплати?

Се поголемиот број на финансиски производи во Македонија е показател дека расте свеста кај населението за потребата на разни начини да ја обезбедат својата финансиска иднина. Во зависност од тоа колкава аверзија имаат спрема ризикот, за некои луѓе тоа е штедење во банка, за други вложување во доброволниот пензиски фонд, додека за трети инвестиција во недвижнини или пак хартии од вредност. А се поголем е бројот на оние кои се одлучуваат да купат животно осигурување. Тоа е пред сè производ кој не е наменетсамо за неговиот корисник, туку и за неговите најблиски во случај на смрт, колку и да звучи неубаво. Поради фактот што луѓето не сакаат многу да размислуваат за смртта, компаниите за животно осигурување најмногу го нудат овој производ во комбинација со штедна компонента, што значи дека освен покривање на ризик од смрт, со овие животни полиси луѓето можат да заштедат за поудобна старост или пак да им дадат поголема поддршка на своите деца кога ќе го започнуваат нивниот живот.

Населението, по навика, се уште се одлучува за класичниот метод на штедење во банка поради тоа што го перципираат како посигурен, иако за разлика од животното осигурување класичното штедење не гарантира финансиски надомест и исплата на целосната сума за најблиските во случај на немил настан.

За да го направат животното осигурување попримамливо за сите оние кои се обесхрабриле од пониските приноси кои ги носи, компаниите за животно осигурување воведуваат се повеќе иновации во своите производи со цел да им излезат во пресрет на барањата и потребите на клиентите. Еден од последните поиновативни производи кој се појавил на Македонскиот пазар за животно осигурување е Лајф Инвест животната полиса од Винер Лајф во соработка со ВФП фонд менаџмент и Осигурително брокерското друштво ВФП кој на клиентите освен животно осигурување им нуди и можност за највисок принос по истекот на договорот.

Овие производи кои уште се нарекуваат „unit linked“, нудат можност за поголем профит поради фактот што делот од премијата која ја уплаќаат клиентите се инвестира во акции од реномирани светски компании преку инвестициски фонд на ВФП фонд менаџмент. Во последно време забележан е тренд и на европските финансиски пазари за креирање на „unit linked“ производи како одговор на барањата на клиентите за соодветен принос од инвестираните средства и Македонија е првата земја од регионот каде што овој производ е достапен.

Според Дарко Дедиќ, претседател на управниот одбор на Винер Лајф, тие вложиле многу ресурси и труд, раководејќи се по стандардите кои се користат во развиените европски земји, заедно со ВФП Фонд Менаџмент и Осигурително брокерското друштво ВФП да создадат квалитетен производ кој е прифатлив и достапен за македонските граѓани. Денес, една година по претставувањето на овој производ, од Винер Лајф со гордост истакнуваат дека повеќе од 1.500 клиенти го прифатиле овој производ како иновативен и модерен, скроен според нивните потреби за инвестирање и осигурување.

Бидејќи сепак се работи за инвестиции во акции на странските берзи, каде ризикот е неминовна категорија, една од клучните дилеми во поглед на вложување во ваква животна полиса е токму сигурноста на инвестициите.

Од ВФП Фонд Менаџмент кои се задолжени за инвестиција на средствата, истакнуваат дека нивната стратегија е насочена кон вложувања во високорангирани (blue chip) компании и тоа најмногу во земјите од ЕУ, САД, Швајцарија и Велика Британија. Со средствата управуваат професионални портфолио менаџери кои со цел да го намалат ризикот, вложувањата ги дисперзираат во поголем број компании со различни дејности и од различни региони со што се намалува ризикот повеќе компании истовремено да имаат потешкотии во работењето. Долгорочноста на вложувањата во Лајф Инвест како производ со времетраење подолго од 15 години, дава простор за избегнување на краткорочните флуктуации во вредноста на акциите, односно заздравување на пазарите во одредени региони или во одредени дејности.

Компаниите кои нудат вакви производи преземаат многу мерки за намалување на ризичноста на инвестицијата, но за сите оние кои сепак не би сакале да вложуваат во хартии од вредност, и понатаму на располагање се понудите за класично животно осигурување и штедење.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life