Влијанието на банкоосигурувањето во Македонија – Партнерство помеѓу Шпаркасе Банка и Винер Лајф Осигурување

Банкарство.мк: Што точно претставува банкоосигурувањето?

Дејан и Мартин: Дефиниција на терминот „банкоосигурување“ е продажба на животно осигурување и други осигурителни производи и услуги од страна на банкарските институции. Преку таквото партнерство меѓу банката и осигурителната компанија, клиентите на банката освен до традиционалните банкарски производи и услуги имаат директен пристап и до осигурителните. За нас поимот банкоосигурувањето означува и уште еден начин како да допреме до клиентите со комплетна понуда на финансиски производи, како и предизвик да им се понуди најдоброто решение креирано според индивидуалните потреби. Од самиот почеток на соработката на нашите компании во поврзување на сегментите банкарство и осигурување се водиме, пред сè, од бенефитите за клиентите, што се покажа како правилен пристап.

Банкарство.мк: Каква е придобивката на клиентите од животно осигурување при подигнување кредит во банка?

Дејан и Мартин: Придобивката е голема: при подигнување на кредитот, клиентот го осигурува целиот кредитен износ. Тоа значи дека во случај на несакан настан, осигурителната компанија го исплатува кредитот на банката заштитувајќи го семејството или најблиските на кредитокорисникот од наследени долгови. Во суштина, ризикот од ненаплата на долгот при вакви настани се префрлува од двајцата главни учесници во кредитниот однос (кредитокорисник и банката) на осигурителната компанија.
Целосната финансиска услуга се одвива на едно место – во банката, каде што клиентот аплицира и му се одобрува кредитниот производот во комбинација со осигурување. Во споредба со стандардните производи, тие што се во комбинација со осигурување имаат преференцијални услови, приспособени на можностите на клиентот, односно не создаваат дополнителни обврски туку додадена вредност за самиот клиент. Главниот постулат на оваа соработка е да се создадат задоволни но и одговорни клиенти, кои ќе се грижат за своите финансии преку комбинација на различни производи и услуги.

Банкарство.мк: Во моментов клиентите можат да се осигураат само при подигнување потрошувачки кредит. Дали во иднина може таа соработка да се прошири и кај другите кредитни производи, како станбени кредити, хипотекарни кредити, кредитни картички итн.

Дејан и Мартин: Шпаркасе Банка Македонија и Винер Лајф се компании што се трендсетери на македонскиот пазар во однос на иновативноста и продлабочувањето на понудата, со цел подобра услуга за клиентот. Производот под кој пазарот засега најмногу нè препознава е „Супер С“, потрошувачки кредит во комбинација со животно осигурување со максимален износ од 1.200.000 МКД, атрактивна каматна стапка и рок на отплата до 10 години.
Покрај „Супер С“, ги нудиме хипотекарните кредити со животно осигурување, потоа производи наменети за пензионери и за првпат на пазарот – „С-План“, производ што на едно место поврзува потрошувачки кредит и полиса за осигурување со штедна функција. Производот обезбедува целосната осигурителна заштита на клиентот но и можност со отплата на кредитот да располага со заштедените средства што ги штедел за време на отплатата.
Освен производите што се комбинација на кредит со осигурување, во експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија може да се купи и чист осигурителен производ – „Профит“, кој претставува дополнување и алтернатива во лоцирањето на слободните расположливи средствата на клиентите. Покрај животното осигурување, дополнителен бенефит од „Профит“ е што со еднократната уплата на премијата, клиентот инвестира во производ заштитен со валутна клаузула, кој носи атрактивен нето-приход.
Двете компании работат константно на развој на нови производи и услуги. Сите производи се нудат од посветен и стручно усовршен кадар, кој гарантира беспрекорна услуга.

Банкарство.мк: Зошто ваквите партнерства се важни и за банките и за осигурителните компании и како влијаат врз целокупниот финансиски сектор?

Дејан и Мартин: Партнерствата во облик на банкоосигурување се важни за двете компании од едноставна причина што и двете нудат производи што се составен дел од секојдневното живеење на модерниот човек. Банките го следат животниот циклус на човекот нудејќи различни производи и услуги соодветни на потребите што се јавуваат во одделни фази и настани во неговото живеење. Конкретно Шпаркасе Банка Македонија има пакети на производи и услуги креирани за најмладата популација, потоа за младите луѓе што студираат или го стекнуваат првото работно искуство, за семејствата што, на пример, го набавуваат своето живеалиште или автомобил, или можеби слободните средства ги депонираат како депозит или инвестираат во хартии од вредност, пакети за пензионерите итн. Во таквиот „синџир“ на производи нормално е додавање на алката што означува лична заштита и заштита на личните средства преку склучување полиса за осигурување. И осигурителните компании и банките увидоа дека таквата заштита најпогодно е да се прави преку банката.

Развојот на банкоосигурување има позитивно влијание врз финансискиот сектор. Збогатувањето во понудата на финансиските производи неминовно води кон поголеми можности за избор од страна на крајниот корисник. Патот на развој е постепен, но се движи со забрзано темпо каде што клучна улога имаат различните облици на едукација на населението за подигнување на свесноста за осигурувањето. Ако пред само три-четири години ни требаше доста труд да се презентира бенефитот од производите што се комбинација од банкарски и осигурителни, сега најголемиот дел од клиентите сами ги бараат таквите производи.

Банкарство.мк: Колкав е степенот на развиеност на банкоосигурувањето во светот и дали банкоосигурувањето во Р. Македонија се движи во таа насока?

Дејан и Мартин: Шпаркасе Банка Македонија и Винер Лајф имаат историско партнерство и на групациско ниво. Двете компании се со австриски капитал и со долгогодишна традиција во продажбата на животно осигурување. Виена иншуранс груп, како и Ерсте и Шпаркасе Групацијата се водечки групации во Р. Австрија, како и пошироко на европскиот пазар. Во склоп на Виена Иншурeнс Груп функционира и компанијата „S-Versicherung“, специјализирана исклучиво за банкоосигурување. Сето тоа доволно зборува за развојот на банкоосигурувањето во европски и во светски рамки. Преземајќи го искуството од компаниите мајки, Шпаркасе Банка Македонија и Винер Лајф се фокусирани на усовршување на услугите и пренесување на тој „know-how“ на македонскиот пазар. Банкоосигурувањето е на своите почетоци во Македонија, меѓутоа со вклучувањето на сè повеќе банки во посредувањето и во продажбата на осигурителни производи, потенцијалот за раст е огромен и очекуваме да се движи во таа насока и во иднина.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life