Дарко Дедиќ: Посебно сме среќни што овој производ беше масовно прифатен од нашите граѓани и во изминатиот период повеќе од 4.200 лица станаа корисници на Лајф Инвест производот. Ова за нас претставуваше голем мотив да продолжиме со развојот на Unit Linked производите со цел да ги подобриме неговите карактеристики. На овој начин сакавме да покажеме благодарност кон сите оние кои ја препознаа креативноста на нашата компанија и кои секојдневно ни укажуваат доверба.
Анализирајќи ги досегашните искуства, оптимизирајќи ги процесите на работа и користејки го знаењето кое веќе 200 години се акумулира во Vienna Insurance Group, a чиј дел е и Винер Лајф, успеавме да направиме надградба на нашиот Лајф Инвест производ.
Целта ни беше преку оптимизација на трошоците, контрола на ризикот и дефинирање на процесите да го подобриме финансискиот принос на овој производ, притоа зачувувајќи ја на високо ниво флексибилноста на производот и можноста клиентот сам да ја одбере, не само премијата која сака да ја уплати туку и износот на кој сака да биде осигурен. Со извршените промени кои стапија на сила од 01.06.2018 година, во можност сме на нашите клиенти да им понудиме производ со значително подобрени услови.