ОГЛАС за ТИМ МЕНАЏЕР

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Ние го цениме трудот на нашите колеги, нивниот начин на размислување и работа. Нашиот успех е резултат на многубројните идеи на нашите вработени.
Доколку мислиш дека можеш да допринесеш и бидеш дел од нашиот тим, а притоа ги имаш квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG)  која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Нашата стратешка цел е да развиеме силна и стабилна продажна мрежа, која ја сочинуваат нашите тим менаџери и  агенти за продажба. Нам во секое време ни се потребни луѓе кои се спремни и мислат дека можат да допринесат и да се развиваат како професионалци токму кај нас.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Квалификации

  • BCC;
  • Менаџерски способности;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Комуникативност;
  • Вештини за преговарање;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS Office);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Упорност;
  • Иницијативност;
  • Лица со најмалку 3 годишно искуство во директна продажба (имаат предност);
  • Лица кои имаат работно искуство во осигурителна компанија или друга финансиска институција (имаат предност);
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работно место/одговорности:

  • Планира и реализира активности и обврски во соработка со непосредниот раководител;
  • Подготвува понуди за осигурување на живот;
  • Регрутира, обучува и надгледува агенти за продажба.

Придобивки

  • Фиксна плата + дополнителна провизија;
  • Првичен договор со времетраење од 6 месеци, со можност за продолжување;
  • Можност за вработување, конкурентен систем на наградување и континуирана надградба, едукација, и кариера во Винер Лајф и Vienna Insurance Group.

Аплицирање

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Тим менаџер“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 08.02.2021 година.

*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life