Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје
Ние сме
Винер Лајф АД Скопје – компанија за животно осигурување која на македонскиот пазар е присутна од 2011 година, и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) од Австрија која постои од 1824 година.
Ние бараме
Посветена, одговорна и амбициозна личност за позицијата Специјалист за управување со ризици
Опис на работното место
Квалификации:
Работно искуство: Најмалку 3 години работно искуство во вршење на работи од областа на осигурување, банкарството, финансиите, правото, актуаристиката, ревизијата или управување со ризици во друго правно лице.
Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: одлични организациски вештини, способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија, ефикасна орална и писмена комуникација, познавање на англиски јазик, активно работење на компјутери (Microsoft Office)
Нудиме:
Ранг на нето плата: 45.000-60.000 денари, зависно од претходните квалификации на кандидатот
Бенефиции и можности за обуки и развој
Пријатна работна атмосфера во која тимската работа е многу важна
Соработка со колеги од ВИГ групацијата и работа по ВИГ стандарди
Оваа позиција е со полно работно време и е достапна веднаш
Аплицирање
Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.
Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Специјалист за управување со ризици“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 30.9.2024 година.
Апликациите ќе се разгледуваат сукцесивно како што ќе пристигнат.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.
*НАПОМЕНА:
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.
Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија
Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00
+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk
Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.
КАРИЕРА
WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.
Copyright 2020, Winner life