ОГЛАС за Офицер во сектор Штети

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Ние сме

Винер Лајф АД Скопје – компанија за животно осигурување која на македонскиот пазар е присутна од 2011 година, и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) од Австрија  која постои од 1824 година.

Што ќе работите?

На оваа позиција ќе бидете одговорни за целокупната административна и оперативна обработка на барањата во Секторот за штети, од прием и проверка на документацијата, внес и евиденција во системите, до нивна финална реализација и архивирање.

Вашите главни задачи ќе вклучуваат:

  • Комуникација со клиенти во однос на прашања поврзани за штети кон нивните полиси за животно осигурување и обезбедување навремено комплетирање на потребните информации и документи;
  • Обработка и следење на барања и предмети во рамки на секторот;
  • Проверка, подготовка и уредно водење на потребната документација;
  • Внес, ажурирање и евидентирање на податоци во интерните системи;
  • Следење на статусот на предметите и постапување согласно интерните процедури

Квалификации:

  • Минимум 2 години работно искуство (искуство во осигурителниот сектор во обработка на штети, откупи или заеми ќе се смета за предност)
  • Професионален и пријатен однос со клиенти и соработници;
  • Висока мотивираност;
  • Способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија;
  • Ефикасна орална и писмена комуникација;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS
  • Office);
  • Познавање на англиски јазик;

Нудиме:

  • Работно време од понеделник до четврток од 08.00 до 16.30 и петок од 08.00 до 14.00 часот
  • Приватно здравствено осигурување
  • Континуирана поддршка и воведување во работните процеси
  • Можност за долгорочен ангажман и професионален развој
  • Пријатна работна атмосфера и култура на комуникација

Аплицирање

Работната позиција е на определено време со можност за продолжување на неопределено време;

Работната позиција се однесува за Скопје.

Износот на месечната нето плата зависи од квалификациите и стручноста на кандидатот;

Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Офицер во сектор Штети“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 06.09.2026 година.

Апликациите ќе се разгледуваат сукцесивно како што ќе пристигнат.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life