Продолжувајќи го успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner, групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја
основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life. Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се
придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број
на клиенти да ја подарат својата доверба.
Winner Life во Р.С Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување
што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на
принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено
гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.
Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност, а конзервативното управување
во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.