Можност за инвестирање во акции од светски реномирани компании преку животно осигурување на Винер Лајф
КУРИР: Г-дин Дедиќ, иако пазарот за животно осигурување постои веќе 10-ина години, многу мал процент од граѓаните во Македонија имаат животни полиси, за разлика од поразвиените западни земји каде овој процент е многу поголем. Што значи за еден граѓанин да го осигури својот живот и зошто му е потребно?
ДАРКО ДЕДИЌ: Кога зборуваме за осигурување на живот зборуваме за еден уникатен финансиски производ за кој не постои алтернатива. Доколку „не дај Боже“ нешто ви се случи вам, а вашиот живот е осигурен,финансиската поддршка на вашето семејство во тие тешки моменти му е загарантирана. Тоа е нешто што ниеден друг инвестициски или штеден производ не може да го понуди. Проблемот кај нас е што луѓето не сакаат многу да размислуваат долгорочно, особено не во поглед на тоа што може ним да им се случи. Со самото тоа е многу потешко да им ја доближите предноста на животното осигурување, не само како начин за покривање на ризиците во случај на немил настан, туку и како можност за заштеда за поубави пензионерски денови или пак помош за децата кога ќе го започнуваат својот живот.
Луѓето во западните земји однапред размислуваат за наредните 20 или 30 години од животот и планираат како на најдобар начин да го обезбедат своето семејство и својата старост. Во Австрија на пример е вообичаено за луѓето да имаат и повеќе од едно животно осигурување. Но и покрај овие разлики, кај се поголем број граѓани расте свесноста за последиците кои ги носи денешниот динамичен и неизвесен начин на живот и самите одлучуваат да преземат мерки со цел да обезбедат посигурна иднина.
КУРИР: За каков вид на животно осигурување најмногу се интересираат граѓаните?
ДАРКО ДЕДИЌ: Најголем дел од клиентитена Винер Лајф користат традиционално животно осигурување кое претставува микс од покривање на ризици и класична штедна компонента, но во последната година забележуваме значајни промени во нивните желби и потреби.
Синергијата помеѓу банкарските кредити и осигурувањето на живот како композитен производ станува се позастапена на македонскиот осигурителен пазар и се повеќе граѓани се одлучуваат да земат животна полиса кога склучуваат договор за долгорочен кредит, со што товарот за негова исплата паѓа наосигурителната компанија, наместо на семејството, доколку нешто му се случи на кредитобарателот.
Уште позначаен е растот на побарувачката за производи за животно осигурување со инвестициска компонента или таканаречени „Unit Linked“ производи, кои што на граѓаните освен осигурување од ризици им нудат и можност за многу поголем принос во однос на парите што ги вложуваат бидејќи истите се инвестираат во хартии од вредност на светски реномирани компании. Од овие причини, во партнерство со друштвото за управување со инвестициски фондови, ВФП Фонд Менаџмент и осигурителното брокерско друштво ВФП го создадовме „Лајф Инвест“ животното осигурување како уникатен и единствен од овој вид на пазарот.
КУРИР: Можноста за поголема добивка е секогаш добра вест. Дали може да ни кажете што е она што го добиваат граѓаните кои ќе се одлучат за „Лајф Инвест“ животното осигурување и на кој начин се инвестираат средствата кои тие ги вложуваат?
ДАРКО ДЕДИЌ: „Лајф Инвест“ е мешовит производ за животно осигурување кој покрива ризик и има штедна компонента. За разлика од класичното осигурување кај овој производ средствата со штедна компонента преку инвестицискиот фонд се вложуваат во акции на големи и успешни компании котирани на светските берзи. Со овој вид на производ клиентите за прв пат имаат можност да инвестираат на меѓународните берзи а во исто време да добијат и животно осигурување за периодот за кој е склучен договорот за животна полиса. При тоа секој клиент сам може да одлучи колкав дел од средствата ќе ги намени за покривање на ризик, а колкав дел ќе бидат наменети за инвестирање.
Стратегијата на ВФП Фонд Менаџменте средствата да ги вложува во високорангирани (blue chip) компании и тоа најмногу во земјите од Европската Унија, САД, Швајцарија и Велика Британија. Притоа овие средства се управувани од професионални портфолио менаџери кои со цел да го намалат ризикот вложувањата ги дисперзираат во поголем број компании. Овој начин на инвестирање дава голема предност во однос на индивидуалното инвестирање во еден или два вида на хартии од вредност.
Соработката помеѓу Винер Лајф,ВФП Фонд Менаџмент и Осигурително брокерското друштво ВФП, всушност претставува синергијата на три австриски компании кои покрај сопственото знаење имаат можност да ги користат и долгогодишните искуствата од мајките компании стекнати на европските пазари, овозможи овој производ на македонските граѓани да им го понудиме многу порано отколку нашите соседни земји.
Денеска една година по претставувањето на овој производ со гордост можеме да истакнеме дека повеќе од 1.500 клиенти го прифатија овој производ како иновативен и модерен, скроен според нивните потреби за инвестирање и осигурување и склучија договори за „Лајф Инвест“ животно осигурување.
КУРИР: Како што веќе напомнавте, со овој производ се инвестира во акции на реномирани компании на странските берзи. Дали постои ризик кај овие инвестиции?
ДАРКО ДЕДИЌ: Не постојат инвестиции без ризик.Имајќи го во предвид фактот дека во „Лајф Инвест“ производот ризикот од вложување го сноси клиентот целта ни беше да најдеме начин овој ризик да го сведеме на што пониско ниво. За таа цел во производот се вметнати неколку механизми со кои ризикот од вложувања во акции се сведува на ниско ниво.
Пред се вложувањата се дисперзираат во голем број на компании со различни дејности и од различни региони со што ризикот се намалува бидејќи е мала можноста голем број на компании во исто време да имаат потешкотии во своето работење.
Самиот производ „Лајф Инвест“ е со времетраење подолго од 15 години така што и вложувањата се долгорочни. На овој начин се создава можност да се избегнат краткорочните флуктуации во вредноста на акциите, односно обезбедено е време за заздравување на пазарите во одредени региони или во одредени дејности кои би можеле да бидат под влијание на финансиски потешкотии.
Со инвестициските портфолија управуваат професионални портфолио менаџери кои на дневна основа ги следат движењата на вредностите на акции на светските пазари и секојдневно превземаат низа активности со цел да се остварат што подобри резултати.
Вложувањата се вршат во акции со различна валута со што се намалува влијанието врз портфолиото доколку некоја светска валута изгуби вредност во однос на останатите валути.
На овој начин успеавме да го намалиме ризикот и да го направиме овој производ полесно прифатлив за нашите клиенти.
Секако за оние кои не сакаат да преземат никаков ризик од вложувањата на нивните средства и се задоволни со понизок принос, Винер Лајф на располагање има неколку класични производи за животно осигурување кои можат да се прилагодуваат во согласност со барањата и потребите на самиот клиент.
КУРИР: Како очекувате да се развива пазарот за животно осигурување во иднина?
ДАРКО ДЕДИЌ: „Лајф Инвест“ е мешовит производ за животно осигурување кој покрива ризик и има штедна компонента. За разлика од класичното осигурување кај овој производ средствата со штедна компонента преку инвестицискиот фонд се вложуваат во акции на големи и успешни компании котирани на светските берзи. Со овој вид на производ клиентите за прв пат имаат можност да инвестираат на меѓународните берзи а во исто време да добијат и животно осигурување за периодот за кој е склучен договорот за животна полиса. При тоа секој клиент сам може да одлучи колкав дел од средствата ќе ги намени за покривање на ризик, а колкав дел ќе бидат наменети за инвестирање.
Стратегијата на ВФП Фонд Менаџменте средствата да ги вложува во високорангирани (blue chip) компании и тоа најмногу во земјите од Европската Унија, САД, Швајцарија и Велика Британија. Притоа овие средства се управувани од професионални портфолио менаџери кои со цел да го намалат ризикот вложувањата ги дисперзираат во поголем број компании. Овој начин на инвестирање дава голема предност во однос на индивидуалното инвестирање во еден или два вида на хартии од вредност.
Соработката помеѓу Винер Лајф,ВФП Фонд Менаџмент и Осигурително брокерското друштво ВФП, всушност претставува синергијата на три австриски компании кои покрај сопственото знаење имаат можност да ги користат и долгогодишните искуствата од мајките компании стекнати на европските пазари, овозможи овој производ на македонските граѓани да им го понудиме многу порано отколку нашите соседни земји.
Денеска една година по претставувањето на овој производ со гордост можеме да истакнеме дека повеќе од 1.500 клиенти го прифатија овој производ како иновативен и модерен, скроен според нивните потреби за инвестирање и осигурување и склучија договори за „Лајф Инвест“ животно осигурување.
КУРИР: Како очекувате да се развива пазарот за животно осигурување во иднина?
Дарко Дедиќ:Примарен фокус на сите осигурителни компании во иднина мора да биде квалитативниот развој на осигурителниот пазар. Во последните неколку години благодарение на јакнењето на конкуренцијата, залагањето на осигурителните компании, на активностите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето како и на одредени промени во регулативата, значајно се подобри квалитетот на услуги кои ги даваат осигурителните компании.
Што се однесува до квантитативниот раст, очекувам и во наредните неколку години осигурувањето на живот да биде најбрзо растечка финансиска дејност во Македонија со годишна стапка на пораст помеѓу 15% и 20%.
Вклучувањето на банките во бизнисот на животно осигурување, воведувањето на нови производи како што е Лајф Инвест и се поголемата понуда на дополнителни осигурувања кои можат да се склучат заедно со животното осигурување секако ќе придонесе за динамичен развој на пазарот и во идниот период.
Ако на ова ја додадеме и се поголемата стручност на дистрибутивните канали, задолжителната обука која секој посредник мора да ја помине, интерните обуки кои ги спроведуваат етаблираните дистрибутивни канали, нема причина да не бидеме оптимисти во поглед на развојот на животното осигурување во Македонија.
За разлика од пред 10 години, денес населението производот за осигурување на живот го сфаќа како потреба а не како луксуз достапен за мал број на граѓани. Производите ги креиравме на начин на кој клиентот сам одлучува колку средства може да одвои за осигурување на живот. Иако не се вбројуваме во групата на развиени земји, убеден сум дека значаен дел од македонските граѓани можат да одвојат одреден дел од своите приходи со цел да инвестираат во сигурна иднина.
Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија
Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00
+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk
Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.
КАРИЕРА
WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.
Copyright 2020, Winner life