ВИНЕР ЛАЈФ Осигурување е осигурителна компанија која е дел од групацијата VIG, една
од најголемитеосигурителни групации во Централна и Источна Европа, составена од над
50 компании во 25 земји, со 25 илјади вработени, повеќе од 20 милиони задоволни
клиенти и традиција преку 190 годиниво осигурителниот бизнис.
Групацијата е рангирана со „А+“ според Standard & Poor’s,што е показател за
безбедноста и сигурноста што ја имаат нејзините осигуреници.
Се стремиме да ги привлечеме, мотивираме и задржиме кај себе исклучителните луѓе,
покажувајќи почит кон нивната работа и резултати. Веруваме во личната иницијатива,
одговорност и тимска работа. Континуирано бараме чесни и вредни луѓе кои се посветени
на работата. За тоа овозможуваме најконкурентен систем на наградување и обезбедуваме
постојана надградба, едукација и кариера во ВИНЕР ЛАЈФ, а во рамките на
интернационалниот развој и во VIENNA INSURANCE GROUP.