ВИНЕР ЛАЈФ Осигурување е осигурителна компанија која е дел од австриската групација VIG, една од најголемите осигурителни групации во Централна и Источна Европа, составена од над 50 компании во 25 земји, со 25 илјади вработени, повеќе од 20 милиони задоволни клиенти и традиција преку 190 години во осигурителниот бизнис. Групацијата е рангирана со „А+“ според Standard & Poor’s, што е показател за безбедноста и сигурноста што ја имаат нејзините осигуреници.
Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, нудејќи широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување што најмногу одговара на неговите потреби, нудејќи финансиска сигурност, додека конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.