ОГЛАС за Специјалист за управување со ризици

Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Ние сме

Винер Лајф АД Скопје – компанија за животно осигурување која на македонскиот пазар е присутна од 2011 година, и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) од Австрија  која постои од 1824 година.

Ние бараме

Посветена, одговорна и амбициозна личност за позицијата Специјалист за управување со ризици

Опис на работното место 

  • Преземање активности поврзани со идентификување, проценување и анализа на ризиците на кои е изложено друштвото;
  • Извршување активности поврзани со системот за внатрешни контроли на друштвото;
  • Извршување активности поврзани со обезбедување на деловниот континуитет на друштвото низ призма на ризиците на кои е изложено друштвото;
  • Извршување активности поврзани со вршење документирана сопствена проценка на ризик и солвентност;
  • Информирање на Управниот Одбор на друштвото за наодите од анализите и поддршка во управувањето и координацијата на процесите поврзани со ризиците во друштвото;
  • Презема активности за обезбедување на континуирана усогласеност со националните прописи и политиките на VIG групацијата кои се однесуваат на управувањето со ризици;
  • Останати работи и активности поврзани со управувањето со ризици.

Квалификации:

  • BCC – VII/1 степен образование или стекнати најмалку 240 кредити според ЕКСТ
  • Работно искуство: Најмалку 3 години работно искуство во вршење на работи од областа на осигурување, банкарството, финансиите, правото, актуаристиката, ревизијата или управување со ризици во друго правно лице.

  • Други професионални квалификации, способности и вештини, вклучувајќи и лични квалитети: одлични организациски вештини, способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија, ефикасна орална и писмена комуникација, познавање на англиски јазик, активно работење на компјутери (Microsoft Office)

Нудиме:

  • Ранг на нето плата: 45.000-60.000 денари, зависно од претходните квалификации на кандидатот

  • Приватно здравствено осигурување
  • Бенефиции и можности за обуки и развој

  • Пријатна работна атмосфера во која тимската работа е многу важна

  • Соработка со колеги од ВИГ групацијата и работа по ВИГ стандарди

  • Оваа позиција е со полно работно време и е достапна веднаш

Аплицирање

Условите за вработување се засноваат на правичен и еднаков принцип за сите кандидати без полова, расна, верска или каква било друга дискриминација.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) да ја испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Специјалист за управување со ризици“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 30.9.2024 година.

Апликациите ќе се разгледуваат сукцесивно како што ќе пристигнат.
Селектираните кандидати ќе бидат поканети на интервју.

*НАПОМЕНА: 
Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.
Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life