Елена Јакимовска Петровска
Член на управен одбор

 
  • Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Економски факултет Скопје

 
  •   Датум и место на раѓање
    – 06.12.1970, Скопје

Своето високо образование го има стекнато на Универзитетот ”Св. Кирил и Методиј” при Економскиот факултет во Скопје, каде дипломирала во 1995 година. Со градење на богатата и успешна 25 годишна кариера започнува веднаш по дипломирањето, во Комисијата за хартии од вредност, каде што се искачува хиерархиски и во 2004 е именувана на позицијата Директор на Стручната Служба.

Својата кариера од 2005 до 2012 ја продолжува во Македонска берза АД Скопје како Извршен директор и член на Одборот на директори на Берзата.

Потоа, од 2012 до 2017 е Извршен директор и член на Одборот на директори на Централен депозитар за хартии од вредност АД Скопје.

Во периодот од 2017 до крајот на 2019 работи како консултант за Astana International Financial Centre Authority – Kazakhstan  и советник на извршниот директор во Astana International Exchange  -Kazakhstan.

Продолжува како самостоен независен консултант и советник за пазарите на капитал, се до мај 2022 година, кога станува дел од тимот на Винер Лајф како член на Управниот одбор. Одговорна е за ИТ секторот, управувањето со ризици, сектор за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и секторот за правни работи.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life