Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која постои од 1824 година.
Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.
Нашата стратешка цел е да развиеме силна и стабилна продажна мрежа, која ја сочинуваат нашите тим менаџери и агенти за продажба. Нам во секое време ни се потребни луѓе кои се спремни и мислат дека можат да допринесат и да се развиваат како професионалци токму кај нас.
Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.