За WINNER LIFE

Previous
Next

Продолжувајќи го успешното работење на македонскиот пазар под брендот Winner, групацијата Vienna Insurance Group во 2010 година ја
основа осигурителната компанија за животно осигурување Winner Life. Kако дел од оваа моќна осигурителна групација, Winner Life се
придржува до строгите и прецизни австриски деловни принципи, што станува главно обележје на компанијата и причина сè поголем број
на клиенти да ја подарат својата доверба.

Winner Life во Р.С Македонија нуди широк избор на осигурителни производи што овозможуваат секој клиент да добие животно осигурување
што најмногу одговара на неговите потреби. Компанијата се стреми кон стабилен, долгорочен и одржлив развој, базиран пред сè на
принципите на чесност, ориентираност кон клиентите, флексибилност, со постепено но сигурно постигнување резултати што несомнено
гарантираат успех за компанијата и успех за нејзините клиенти.

Со квалитетните и конкурентни производи Winner Life на своите клиенти им нуди финансиска сигурност, а конзервативното управување
во согласност со законските одредби гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.

Изберете го Winner Life – силен и доверлив партнер со богата традиција, мотивиран преку иновативни решенија да ви го понуди најдоброто животно осигурување.

ВИЗИЈА

Нашата визија е да креираме конкурентска предност на осигурителниот пазар на животно осигурување,
обезбедувајќи им на нашите соработници, партнери и осигуреници, квалитетни и безбедни услуги и продукти.
Со максимизирање на нашите основни стратешки определби нашата визија
е да бидеме една од најуспешните финансиски институции на домашниот пазар

МИСИЈА

Нашата задача е да го претвориме секојдневниот ризик во трајна вредност и сигурност.
Нашата мисија е низ континуиран процес на унапредување и усовршување да обезбедиме финансиска сигурност и сигурна иднинана нашите осигуреници. Насочени сме постојано на нашите осигуреници да им нудиме иновативни понуди, квалитетни услуги
и продукти, како и да ги следиме нивните барања и задоволиме нивните потреби.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life