ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

Често поставувани прашања за ВИНЕР ЛАЈФ

Освен основното осигурување на животот, можете да договорите и дополнително осигурување од последици на несреќен случај (во кое што добивате и дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај)
дополнително осигурување во случај на  инвалидитет
дополнително осигурување од тешки болести
Колку е минимумот што  треба да го плаќам?
180  годишна премија

  • Заштита за вас и вашето семејството
  • Минимална уплата почнувајќи од 0,57€ дневно
  • Штедна функција
  • Атрактивно учество во добивката на Винер Лајф
  • Осигурување во случај на настапување на смрт од незгода- вклучено во основната премија
  • Можност да се добие заем во висина на откупната вредност
  • Дневен надомест на болнички денови
  • Во случај на смрт од незгода исплата на X3 осигурена сума
  • Полисата може да се винкулира во корист на банката
  • Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот

Полисата за осигурување на живот е хартија од вредност која гарантира исплата на договорената сума за доживување зголемена за припишана добивка. Дополнително полисата може да се винкулира во корист на банка или во корист на осигурувачот во висина на откупна вредност на полисата.
Да добиете заем со извесен процент на камата во висина на откупната вредност на полисата, под услов да се исполнети условите за откуп и капитализација од Договорот за осигурување склучено и до тогаш премијата да е платена во целост.

Премија е износ кој го одвојувате (штедите) за Вашата полиса. Премијата по дефиниција е цена на ризикот.

Износот кој осигурувачот е должен да го исплати на корисникот на осигурувањето по истекот на осигурувањето или во случај на настапување на смрт.

Доколку клиентот не е способен повеќе да ја плаќа премијата постојат три опции кои
што може да ги побара после третата година од траењето на осигурувањето:
Откуп (може да побара откуп односно повлекување на парите.
За тој период ке ја добие откупната вредност плус остварената добивка до тогаш.
Идеален период за да се побара откуп е половина од времетраењето  на oсигурувањето. Пр. Траење на осигурувањето 10 години, откуп 5 година)
Капитализација (да престане клиентот да плаќа , меѓутоа да не ги повлекува парите сe до истекот на осигурувањето).
Мирување (доколку клиентот не е во можност да плаќа една година , меѓутоа доколку сака да продолжи со осигурувањето следната година да плати и за тековната и за изминатата)

  • месечно 5%
  • квартално 3%
  • полугодишно 2%
  • годишно (нема доплаток)

По избор на клиентот но минималното траење е 5 години.

Ако се исполнети условите за откуп ќе се добие откупната вредност плус препишаната добивка до тогаш.

Може да се менува:

  • Kорисниците, договорувачот
  • Премијата (но пред истек на тековната година)
  • Начинот (динамиката) на плаќање на премијата
  • Вклучување-исклучување на дополнителни осигурувања.

Откако осигуреникот ке ги одговори здравствените прашања, осигурувачот (во случајов Винер Лајф) треба да оцени дали ке го испрати осигуреникот на лекарски преглед.

Во тој случај нема договор за осигурување.

Вложените средства во банка ја уживаат штедната компонента, т.е. каматата која банката ја дава во моментот. Но, што се случува со вложените средства доколку настапи смрт на штедачот/осигуреникот?
Доколку штедите во банка, законските наследници на штедачот би ги добиле само средствата кои се вложени до тој момент и тоа по комплицирани и често долготрајни судски постапки.
Доколку штедите во Винер Лајф , само по една единствена уплата на премија, во случај на смрт, во најкус можен рок ние ќе ја исплатиме целосната сума ( како да е плаќано 30 години) на корисниците кои се наведени во полисата, доколку полисата е со траење од 30 години.

Виена Иншуренс Груп е најстарата осигурителна компанија во Австрија и постои веќе 188 години па тоа влева доверба за натамошно нејзино опстојување на осигурителниот пазар.
Сигурноста на вложените средства е загарантирана преку следниве механизми.
Креирани се повеќе механизми за да се обезбеди сигурноста на вложените средства.
„Врзувањето“ на средствата со девизна клаузула. Сите осигурени суми се во Евра.
Реосигурувањето – Винер Лајф ги реосигурува сите осигурени суми над максималната поддршка во Винер Ре.
Законските прописи – Согласно “Законот за супервизија во осигурување“, Винер Лајф единствено смее да ги пласира прибраните средства во неризични пласмани (државни обврзници, државни записи и депозити во реномирани банки, исклучиво во нашата држава).
Винер Лајф согласно законот за супервизија во осигурувањето најголемиот дел од вложените средства ги одвојува на засебна сметка за математичка резервација.

Често поставувани прашања за УНИТ ЛИНКЕД

Уплатената премија за животно осигурување се распределува во четри основни категории:

  • Покривање на трошоци за продажба
  • Покривање на оперативните трошоци на осигурителната компанија
  • Покривање на осигурителниот ризик
  • Вложување во удели во инвестицискиот фонд
  • Изготвување на преглед за процентуално распределување на премијата по категории кој би важел за сите договори не е возможно бидејки распределувањето зависи од траењето на полисата, од осигурената сума која ја одбрал клиентот, од возраста на клиентот како и од полот на клиентот. При подолго траење на полисата, оперативните и аквизициските трошоци се повисоки. Кај повозрасните осигуреници трошоците за осигурителниот ризик се повисоки. Повисока осигурена сума во случај на смрт исто така придонесува за поголеми трошоци за осигурителен ризик.

Винер Лајф средствата не ги вложува на светски берзи туку во удели во домашен инвестициски фонд. Истите тие средства потоа фондот ги вложува во хартии од вредност во различни земји, и во различни валути. Најголемите вложувања на фондот се објавуваат на веб страната на инвестицискиот фонд и се јавно достапни.Овие информации се ажурираат на секои 3 месеци. Согласно законската регулатива, Инвестицискиот фонд средствата смее да ги вложи само во хартии од вредност кој се наведени во проспектот одобрен од регулаторното тело. Комисијата за хартии од вредност како тело кое го контролира работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови на дневна основа го прати работењето на фондот со цел да се увери дека фондот работи во согласност со овластувањат кој ги добил и дека вложувањата ги врши во согласност со проспектот и статутот кој го доставило до Комисијата за хартии од вредност.

Средствата на договорувачот се вложуваат во удели на фондот и договорувачот може на веб страната на Друштвото за управување со инвестициски фондови да ја прати вредноста на уделите. Вредноста на уделите зависи од вредноста на хартиите од вредност (акции и обврзници) во кој фондот ги вложил средствата. Со оглед на тоа што Инвестицискиот фонд на веб страната објавува во кои хартии од вредност се најголемите вложувања, клиентот може да ја побара вредноста на тие акции. Сепак со оглед на тоа што инвестицискиот фонд, со цел да го дисперзира ризикот, вложува во повеќе од 100 различни хартии од вредност, клиентите немаат можност да ја проверат вредноста на сите акции туку само на оние во кој што фондот најмногу вложувал.

Вредноста на уделите според последните цени на хартиите од вредност на светските пазари на дневна основа ја потврдува и Депозитарната банка на инвестицискиот фонд.

По истекот на третата година од осигурувањето, кога клиентот се стекнува со право да изврши откуп на полисата за животно осигурување, осигурителната компанија до секој клиент испраќа известување со бројот на удели на секој клиент, со што клиентот може да ја провери вредноста на своите удели.

Да.

Клиентот секогаш уплаќа ист износ на премија, но поради поради промена на вредноста на цената на уделите, бројот на удели кој што ќе се купат со секоја уплата е различен.Тенденцијата е вредноста на уделите да расте, така што клиентот иако купува помал број на удели со секоја уплата, вредноста на тие удели е поголема.

Апроксимативно, кај полисите со еднократна уплата на премија околу 92% од еднократната премија се вложува во удели. Останатиот дел од средствата се користи за покривање на осигурителниот ризик, како и на аквизициските и оперативните трошоци. Oсигурителните трошоци се покривааат на годишно ниво од уделите на клиентот.

Овој вид на производ е наменет за клиенти кој сакаат да превземат малку поголем инвестициски ризик, а за возврат доколку нема неочекувани пореметувања на финансиските пазари можат да очекуваат добро оплодување на својот капитал и поголема исплата на осигурена сума при истекот на осигурувањето. На ниту еден светски пазар невозможно е да се гарантира дека акцијата која денес е профитабилна ќе биде профитабилна и после 20 години.

Но тука е и предноста на инвестициските фондови. Индивидуалните инвеститори обично вложуваат во 2 до 5 акции, и многу ретко бројот на акции во нивното портфолио е поголем. Инвестициските фондови вложуваат во стотици акции од различни дејности, во различни земји и во различни валути со што ризикот од вложување значително го намалуваат. Скоро е невозможно, освен при глоблни финансиски кризи кога вредноста на сите светски хартии од вредност опаѓа, вредноста на сите акции кои ги поседува фондот да опаднат. Доколку некоја земја влезе во криза и хартиите од вредност од таа земја опаѓаат, вредноста на другите акции продолжува да расте со што вредноста на уделите во фондот ќе продолжи да расте. Истиот пример важи и доколку дејде до намалување на вредноста на одредена валута. Дисперзијата на вложувањата на фондот во голем број на глобални профитабилни компании е најголема гаранција дека долгорочно со растот на глоблната економија ќе растат и вредностите на уделите.

Нема причина зошто да не ги вложите во помалку ризичен инструмент, како што нема причина зошто да не ги вложите во Унит Линкед производот или во некој друг производ за осигурување на живот.

Инвестирањето се врши во зависност од карактерот на инвститорот и од неговите потреби. Во поголем број случаи првата инвестиција клиентите се одлучуваат да ја направат во понеризичен инструмент (најчесто банкарски депозит), а кај понатамошните инвестиции се спремни да превземат поголем ризик.

Инвеститорот треба да се стреми своите инвестиции да ги дисперзира во различни инструменти, со цел од една страна да го намали ризикот од вложувања, а од друга страна да го зголеми приносот од своите вложување. Дополнителен бенефит кај производите за осигурување на живот во однос на останатите финансиски инструменти, е што покрај можноста за вложување, вклучуваат и покривање на ризик од смрт или друг осигурителен настан така што клиентот со еден производ добива повеќе услуги.

Често поставувано прашање е кој финансиски производ, или кој производ за животно осигурување е подобар.

Не постои генерален одговор на овие прашања. Доколку клиентот се интересира за производ каде ризикот од инвестирање е помал и сумата по истекот на осигурување е загарантирана во тој случај класичните производи за животно осигурување секако ќе бидат поинтересни за овој клиент. Но доколку клиентот сака поголема заработка и при тоа е спремен да превземе поголем ризик од инвестирањето, или доколку клиентот веќе вложил дел од своите средства во неризични инструменти, во тој случај Унит Линкед производот секако ќе биде поинтересен за овој клиент. Производот Унит Линкед е посебно интересен за инвеститори кои имаат подолг хоризонт на вложување, односно имаат можност времетраењето на осигурувањето да го фиксираат на повеќе од 15 години.

Во случај на глобална криза цената на уделите во инвестициските фондови најверојатно ќе се движи во надолна линија, но тоа ќе биде случај само ако мнозинството на хартии од вредност на било која берза има негативен тренд. При вакви сценарија не ретко поради намалената побарувачка се намалуваат и цените на недвижностите па и на останатите добра.

Предноста на Унит Линкед производот е што се склучува за период подолг од 15 години така што дава и повеќе од доволно време пазарот да закрепне од финансиската криза и вредноста на уделите повторно да растат.

Основна карактеристика на овој производ е неговата долгорочност, а статистички гледно вредноста на акциите на долг рок на сите значајни светски берзи бележи раст и тоа доста поголем од растот на каматните стапки на банкарските депозити. Всушност во последните неколку години сведоци сме на намалување на приносите кој ги добиваме при вложување на средствата во банкарски депозити како резултат на глобалното намалување на каматните стапки на депозитите.

Често поставувано прашање е кој финансиски производ, или кој производ за животно осигурување е подобар.

Не постои генерален одговор на овие прашања. Доколку клиентот се интересира за производ каде ризикот од инвестирање е помал и сумата по истекот на осигурување е загарантирана во тој случај класичните производи за животно осигурување секако ќе бидат поинтересни за овој клиент. Но доколку клиентот сака поголема заработка и при тоа е спремен да превземе поголем ризик од инвестирањето, или доколку клиентот веќе вложил дел од своите средства во неризични инструменти, во тој случај Унит Линкед производот секако ќе биде поинтересен за овој клиент. Производот Унит Линкед е посебно интересен за инвеститори кои имаат подолг хоризонт на вложување, односно имаат можност времетраењето на осигурувањето да го фиксираат на повеќе од 15 години.

Кога зборуваме за осигурување во случај на смрт сите производи се еднакво сигурни и при настанување на осигурениот настан на клиентот ќе му биде исплатена осигурената сума без оглед на производот кој го одбрал. Ова е всушност и примарната дејност на секоја осигурутелна компанија.

Кога станува збор за штедната компонента од осигурителниот производ, вложувањата во удели се сметаат за поризична инвестиција од вложувањата кои компанијата ги врши во банка или во државни обврзници, но затоа носат и поголем принос.

Унит Линкед производот е креиран така да за период од 20 години доколку просечниот принос на уделите е 4%, клиентот по истекот на осигурувањето ќе добие значајно повеќе средства одколку со класичните производи за осигурување на живот. Статистиката вели дека во развиените европски земји, гледано долгорочно вредноста на уделите растат со просечна годишна стапка од 6%.

Имајки го во предвид историското движење на вредност на акциите во изминатиот период можеме да дојдеме до заклучок дека иако го класификуваме во група на поризични производи, Унит Линкед производот е релативно сигурна инвестиција која не бара од клиентот превземање на преголем ризик.

Блу чип акции се хартии од вредност од реномирани компании со голема пазарна капитализација, кои имаат финансиска стабилност, висок кредитен рејтинг и кој успешно функционираат на пазарот подолг број на години.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life