винер лајф, лого, winner life

НАЈАВИ СЕ


БРЗО ПЛАЌАЊЕ

Неревидирани финансиски резултати за 2021 година

Со гордост ве известуваме дека Винер Лајф за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 оствари нето добивка од 11,3 милиони денари што претставува пораст од  87 % во однос на претходната година.

Бруто полисираната премија за 2021 година изнесува 348,2 милиони денари, што претставува пораст од  13,9 % во однос на претходната година.

Овој успех на компанијата се должи на довербата од клиентите како и взаемните придобивки од производите на Винер Лајф.

Најголема заслуга за раст на портфолиото со задоволни клиенти на Винер Лајф се Унит Линк производите со раст на бројот на активни клиенти од 9,7%  како и ризико производите наменети за осигурување на смртен настан без штедна функција. Бројот на активни договори кај традиционалното мешовито животно осигурување  со штедна функција бележи раст од 3,9%

Посебен придонес за брзиот раст на Друштвото се должи и на вложените напори и средства за подобрување на грижата кон клиентите како и на зголемената фрекфенција на комуникација со клиентите кои имаат потреба од дополнителни информации. Ваквите напори ни овозможија да го задржиме степенот на предвремено прекинати договори на исто ниво како и пред COVID 19 кризата.

Во услови на финансиско опкружување со ниски каматни стапки, Унит Линк производите каде што клиентот го сноси ризикот од вложување, но потенцијалните можности за зголемени приноси при истекот на осигурување се поголеми, сеуште го држи примарното место во портфолиото на Винер Лајф.

Секако значајниот раст на вредноста на фондовите во Република Северна Македонија во текот на 2021 година како резултат на постепеното изнаоѓање на решенија за функционирање на реалниот сектор во услови на COVID 19 придонесоа за одржување на атрактивноста на Унит Линк производите на високо ниво.

Почетокот на 2022 година донесе јасни знаци и оптимизам за завршување на кризата предизвикана од COVID 19, но од друга страна Руско-Украинската криза и воениот конфликт предизвикаа нова нестабилност на светските пазари, со посебно високи флуктуации во енергетските и финансиските пазари. Инвестирањето во вакво опкружување може да биде мошне неизвесно на краток рок.

Во вакво опкружување, долгорочните вложувања во капитални инвестиции остануваат најатрактивен избор посебно доколку портфолиото е насочено кон развиените пазари. Капиталните инвестиции и вложувањата во инвестициски фондови нудат и одредена заштита од високата инфлација во споредба со традиционалните видови на вложувања. Искуствата од минатите периоди покажуваат дека инвестирањата во предизвикувачки и тешки времиња се покажуваат како натпросечно добри во поголем број на случаи.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.


АПЛИЦИРАЈ +

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА










Copyright 2020, Winner life