Упатство за употреба на онлајн плаќање:
1. Брзо плаќање за нови и постоечки клиенти
1.1 Брзо плаќање за нови клиенти
Доколку сте нов клиент, можете првото плаќање по склучување на полисата да го направите онлајн со внесување на број на полиса. Ја внесувате е-маил адресата на која сакате да добиете порака за извршената трансакција. При прво плаќање по број на понуда, пред активирање на полисата, потребно е да се внесе износот во евра како што е во понудата.
1.2 Брзо плаќање за постоечки клиенти
Сите постоечки клиенти имаат можност за брзо плаќање со внесување на број на полиса. За да се појави износот на долгот за наведената полиса, полето “износ мкд” оставете го празно и притиснете на “Контрола”. Износот за плаќање може да се коригира. На мејлот кој ќе го внесете, ќе добиете одговор за извршената трансакција.
2. Креирање профил за постоечки клиенти
2.1 Регистрација
За да креирате профил, потребно е да притиснете на Регистрирај се.
Потребно е да внесете е-маил адреса, ЕМБГ, број на полиса, име, презиме и контакт телефон. Задолжително е да ги пополните сите полиња. Откако ќе ги внесете сите податоци, притиснете на РЕГИСТРИРАЈ МЕ.
2.2 Најава
Откако ќе се регистрирате, на наведената е-маил адреса ќе ви биде испратена порака со привремена лозинка, која системот ќе ви побарa да ја промените веднаш при првата најава.
Лозинката треба да ја внесете сами и да ја знаете само вие. На секоја следна најава се најавувате со е-маил адреса и вашата лозинка.
Доколку ја заборавите вашата лозинка, притиснете го полето “Заборавена лозинка”. Ќе испратиме порака на вашата е-маил адреса.
3. Профил
До секоја полиса прикажан е износот кој клиентот го должи во полето состојба во мкд.
Доколку долгот е подмирен, до полисата има зелено поле на кое пишува платено, како на прикажаната слика.
Доколку има износ за плаќање, истиот ќе го пишува до бројот на полиса во полето состојба во мкд и наместо зеленото поле платено, се појавува црвен квадрат кој треба да се штиклира и износот ќе се префрли во полето вкупно за плаќање.
Доколку клиентот има повеќе полиси, тие се подредени една под друга, клиентот има опција да ги обележи и плати сите заедно или поединечно.
Со притискање на копчето плати го износот, продолжува плаќањето.
4. Плаќање
Се пополнуваат податоците за платежната картичка и се притиска на полето потврди.
За секоја извршена успешна трансакција ќе добиете потврда за истата на вашата маил адреса.