Ги поставува основите на компанијата во поглед на процедурите за наплата и продажба.
“Мellon Solutions” е следната одскочна даска во која стекнува богато искуство во водење на тим од преку 30 агенти за “telesales” и “retail” продажба претежно на банкарски производи.
Од 2008-2012 продолжува со работа на позиција B2B менаџер и асистент за продажба во најголемата компанија во Р.С Македонија за наплата на финансиски побарувања ЕОС Матрикс. Основоположник и првенец во B2B наплатата и грижа за клиентите во компанијата и државата и почеток на “Cross border” наплата на македонските компании во странство и странските компании во Македонија.
Од 2012 работи на позицијата Менаџер за продажба на надворешните мрежи во Винер Лајф ВИГ. Одговорен за обука, поддршка, директна продажба на сите надворешни мрежи, меѓу кои сестринските компании: Винер ВИГ, Осигурување Македонија ВИГ, вклучувајќи ги застапничките агенции Тренд МР и Актива осигурување, Шпаркасе Банка, Сафе Инвест, ВФП АД и сите други брокерски и застапнички куќи. Одговорен е за успешниот развој на продажните мрежи во сегментот на животното осигурување.