Започна пријавувањето за бесплатниот Тренинг центар за образование и кариера во Винер Лајф

Деновиве Винер Лајф претстави нова иницијатива за унапредување на развојот на млади и амбициозни кадри, кои сакаат да се стекнат со сертификат, вработување и напредување во кариерата во областите на менаџирање на продажбата на финансиски услуги.

Како општествено одговорна компанија, членка на Виена иншуренс груп со над 200 години традиција и 12 години присутност на македонскиот пазар, Винер Лајф помогнала на илјадници граѓани да ја испланираат и осигураат својата иднина, а сега одлучи дополнително да се посвети на помагање на сите заинтересирани лица, без разлика на образованието, кои би сакале да ја градат својата кариера во областа на продажба на финансиски услуги и менаџирање на продажбата.

Идејата за формирање на овој Тренинг центар потекна од среќавањето на сè поголемиот број заинтересирани и мотивирани лица кои се во потрага на работа во интернационални компании и финансиски услуги, но во текот на своето образовании немале можност да се стекнат и обучат со практични вештини.

Тренинг центарот ќе биде временски прилагоден за сите категории на граѓани и ќе биде воден од врвни ментори од областа на продажба и менаџмент од Винер лајф. Главен обучувач е Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер лајф кој со своето 20 годишно искуство во овој домен, ќе им помогне на учесниците да се стекнат со вештини кои секој работодавач ги вреднува и наградува.  Учесниците ќе се стекнат со практични бизнис вештини и знаења, како: презентирање на финансиски услуги, соработка и развој на релации со клучни клиенти, водење на продажниот процес и менаџмент на продажбата.

И што е најважно, сите учесници ќе добијат Сертификат, кој станува дел од нивното професионално портфолио и е од огромна важност и предност при потенцијални вработувања.

Најдобрите учесници на Академијата ќе добијат понуда за вработување, како дел од продажниот тим на Винер Лајф.

Сите заинтересирани може да се пријават со праќање маил со основни лични податоци (име, презиме, контакт телефон и е-маил адреса) и задолжителна назнака “Пријава за тренинг центар” на kariera@winnerlife.mk најдоцна до 11.10.2022 година.

*Сите пријавени кандидати ќе бидат контактирани од страна на нашите кариерни ментори по завршетокот на датумот за пријавување со подетални информации во однос на местото и времето на одржување на обуката.

Винер Лајф ви стои на располагање за сите дополнителни прашања на kariera@winnerlife.mk

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life