Често поставувани прашања за ВИНЕР ЛАЈФ

Освен основното осигурување на животот, можете да договорите и дополнително осигурување од последици на несреќен случај (во кое што добивате и дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај)
дополнително осигурување во случај на  инвалидитет
дополнително осигурување од тешки болести
Колку е минимумот што  треба да го плаќам?
180  годишна премија

  • Заштита за вас и вашето семејството
  • Минимална уплата почнувајќи од 0,57€ дневно
  • Штедна функција
  • Атрактивно учество во добивката на Винер Лајф
  • Осигурување во случај на настапување на смрт од незгода- вклучено во основната премија
  • Можност да се добие заем во висина на откупната вредност
  • Дневен надомест на болнички денови
  • Во случај на смрт од сообраќајна незгода исплата на X3 осигурена сума *
  • Полисата може да се винкулира во корист на банката
  • Осигурувањето важи 24/7 насекаде во светот
    *доколку има АО или каско во Винер

Полисата за осигурување на живот е хартија од вредност која гарантира исплата на договорената сума за доживување зголемена за припишана добивка. Дополнително полисата може да се винкулира во корист на банка или во корист на осигурувачот во висина на откупна вредност на полисата.
Да добиете заем со извесен процент на камата во висина на откупната вредност на полисата.
под услов да се исполнети условите за откуп и капитализација од Договорот за осигурување склучено и до тогаш премијата да е платена во целост.

Често поставувани прашања за УНИТ ЛИНКЕД

Уплатената премија за животно осигурување се распределува во четри основни категотии:

  • Покривање на трошоци за продажба
  • Покривање на оперативните трошоци на осигурителната компанија
  • Покривање на осигурителниот ризик
  • Вложување во удели во инвестицискиот фонд

    Изготвување на преглед за процентуално распределување на премијата по категории кој би важел за сите договори не е возможно бидејки распределувањето зависи од траењето на полисата, од осигурената сума која ја одбрал клиентот, од возраста на клиентот како и од полот на клиентот. При подолго траење на полисата, оперативните и аквизициските трошоци се повисоки. Кај повозрасните одигуреници трошоците за осигурителниот ризик се повисоки. Повисока осигурена сума во случај на смрт исто така придонесива за поголеми трошоци за осигурителен ризик.

Винер Лајф средствата не ги вложува на светски берзи туку во удели во домашен инвестициски фонд. Истите тие средства потоа фондот ги вложува во хартии од вредност во различни земји, и во различни валути. Најголемите вложувања на фондот се објавуваат на веб страната на инвестицискиот фонд и се јавно достапни.Овие информации се ажурираат на секои 3 месеци. Согласно законската регулатива, Инвестицискиот фонд средствата смее да ги вложи само во хартии од вредност кој се навесени во пропектот одобрен од регулаторното тело. Комисијата за хартии од вредност како тело кое го контролира работењето на Друштвата за управување со инвестициски фондови на дневна основа го прати работењето на фондот со цел да се увери дека фондот работи во согласност со овластувањат кој ги добил и дека вложувањата ги врши во со согласност со проспектот и статутот кој го доставило до комисијата за хартии од вредност.

Средствата на договорувачот се вложуваат во удели на фондот и договорувачот може на веб страната на Друтвото за управување со инвестициски фондови да ја прати вредноста на уделите. Вредноста на уделите зависи од вредноста на хартиите од вредност (акции и обврзници) во кој фондот ги вложил средствата. Со оглед на тоа што Инвестицискиот фонд на веб страната објавува во кои хартии од вредност се најголемите вложувања, клиентот може да ја побара вредноста на тие акции. Сепак со оглед на тоа што инвестицискиот фонд, со цел да го дисперзира ризикот, вложува во повеќе од 100 различни хартии од вредност, клиентите немаат можност да ја проверат вредноста на сите акции туку само на оние во кој што фондот нјмногу вложувал.

Вредноста на уделите според последните цени на хартиите од вредност на светските пазари на дневна основа ја потврдува и Депозитарната банка на инвестицискиот фонд.

По истекот на третата година од осигурувањето, кога клиентот се стекнува со право да изврши откуп на полисата за животно осигурување, осигурителната компанија до секој клиент испраќа известување со бројот на удели на секој клиент, со што клиентот може да ја провери вредноста на своите удели.