Виена иншуранс груп ги зајакнува позициите на своите компании, Винер лајф и Осигурување Македонија

Денес во рамките на Саемот на градежништво под мотото „Уживајте во Вашиот нов дом“ Шпаркасе Банка Македонија, градежната компанија Настел, Винер Лајф Осигурување и Винер Осигурување го претставија најновиот пакет за станбено решение – GO4 Home.
Шпаркасе Банка Македонија во соработка со градежната компанија Настел и своите стратешки партнери во областа на осигурувањето, Винер Осигурување и Винер Лајф, под платформата GO4 воведе уште една уникатна финансиска понуда за станбен кредит и полиса за животно осигурување и осигурување од други ризици. Пакетот GO4 Home содржи станбен кредит со фиксна каматна стапка од 2,9% за првите три години во комбинација со животно осигурување, полиса за осигурување на станот, како и дополнителни понуди на банката, кои вклучуваат кредитна картичка и дозволено пречекорување на трансакциската сметка на клиентот.

„Современиот банкарски пристап во креирање финансиски понуди согласно со потребите и очекувањата на клиентите е она што ја прави нашата банка препознатлива и поинаква од другите на пазарот. Наша цел е клиентите да бидат нашето семејство и покрај добивањето на банкарската услуга да се стекнуваат со додадени вредности преку животното осигурување и осигурување од други ризици. Во рамките на долгогодишната соработката со градежната компанија Настел и со нашите стратешки партнери во областа на осигурувањето – Винер Осигурување и Винер Лајф, креиравме уште еден уникатен пакет за станбен кредит под платформата GO4. Водени од мотивот да креираме финансиската понуда што ќе им овозможи на клиентите најповолен начин за реализација на плановите за свој нов дом, направивме комбинација што вклучува квалитетна понуда на градба од реномираната градежна компанија, поддржана со најповолни услови за финансирање и осигурување на сопствениците во новиот објект на Настел“ – изјави г. Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор во Шпаркасе Банка Македонија.

„Купувањето стан е голема инвестиција, која треба да ја задржи или да ја зголеми вредноста на вложувањето. Затоа за купувачите при донесување ваква животна одлука, важни се, пред сè, квалитетот на градбата, функционалноста и организацијата на просторот, локацијата, стабилноста на компанијата од која купуваат, сигурноста, условите за кредитирање и секако цената. Во соработка со долгогодишниот партнер Шпаркасе Банка, и како одлично дополнување Винер Осигурување и Винер Лајф за безбедна иднина на нашите клиенти, го креиравме пакетот GO4 Home, коj ги опфаќа сите значајни аспекти при купување стан за новиот комплекс Настел Тафталиџе по цена и услови што се достапни за сите оние пред кои претстои ваква важна одлука“ – изјави г. Зоран Азманов, претставник на градежната компанија Настел.

„Новиот пакет GO4 Home е логично продолжување на заложбите на нашите компании да обезбедат реална можност за граѓаните да ги остварат своите најважни и најкрупни животни планови. Винер Осигурување е секогаш тука, во тој процес да обезбеди максимална безбедност и сигурна иднина за сите корисници на пакетот GO4 Home, елиминирајќи ги сите непредвидени ситуации и трошоци што може да настанат“ – изјави Александар Николовски, директор за прием во осигурување и реосигурување во Винер – Виена Иншуренс Груп.

„GO4 Home претставува надополнување на широката палета производи што Винер Лајф им ја нуди на граѓаните. Со овој пакет успеавме досегашната успешна соработка со Шпаркасе Банка да ја подигнеме на уште повисоко ниво. Соработката помеѓу Шпаркасе Банка, Настел, Винер Лајф и Винер Осигурување придонесе во креирањето на уникатен производ со повеќе бенефити за клиентите што ги реализираат плановите за свој дом. Со GO4 Home покрај поволните услови за кредитирање, се обезбедува и заштита на клиентот и на неговото семејство, нудејќи животно осигурување за целото времетраење на кредитот, но без потреба за уплата на премија за животно осигурување во последните две години. Успеавме со нашите партнери, на пазарот да презентираме уште еден one stop shop производ, со што ја потенцираме нашата посветеност кон клиентите и императивот за нивно брзо и квалитетно услужување“ – изјави Дарко Дедиќ, претседател на Управниот одбор на Винер Лајф.

ШпаркасеБанкаМакедонија АД Скопје е дел од Шпаркасе и Ерсте Групацијата, која се состои од 47 штедни банки и која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Западен Балкан придонесува и Шпаркасе Банка Македонија да претставува доверлив партнер за своите клиенти. Зaедно со другите банки-ќерки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот. Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 билиони евра, 6.200 вработени, 500 експозитури и регионални центри и 14.000 банкомати опслужува околу 2,4 милиони клиенти во Југоисточна Европа.

Настел ДООЕЛ Скопјее градежна компанија основана во 2002 година од компанијата Euro Suisse Credit AG, со реална актива од 50милиони евра, финансиска моќ на компанијата штоѝ овозможува да ги самофинансира своите проекти. Со посветена работа, континуирано следење и примена на современите технологии и модели на градење, соработка со стручни и иновативни компании, и инвестиција во најквалитетни градежни материјали и познати брендови, Настел гради домови по врвни европски стандарди и стана синоним за сигурна инвестиција и трајна вредност. Реализираните проекти, изградените објекти и задоволните купувачи во изминатите 14 години се потврда за професионалноста за која се залага компанијата, квалитетот во кој вложува и континуитетот и стабилниот раст што го остварува.

Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје е осигурителната компанија за животно осигурување, основана во 2011 година, како дел од осигурителната групација Vienna Insurance Group. Vienna Insurance Group е водечка осигурителна групација во Централна и во Источна Европа, во која оперираат повеќе од50 осигурителни компании со годишна премија од над 9 милијарди евра. Македонската компанија во својата деловна стратегија се придржува кон строгите и прецизни деловни принципи. Со квалитетните и конкурентски производи, Винер Лајф на своите клиенти им нуди финансиска сигурност и гарантира целосна безбедност на инвестираните средства.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република С. Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life