Г-дин ДАРКО ДЕДИЌ
Претседател на управен одбор

Дарко Дедиќ, Претседател на Управен одбор, Винер Лајф
 
  •   Универзитет Св. Кирил и Методиј
    – Катедра за:
       Банкарство и Сметководство
 
  •   Датум и место на раѓање
    – 17 Јуни 1971 година во Скопје

Своето високо образование го има стекнато на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје на катедрата за Банкарство и Сметководство.
Како амбициозна млада личност, за време на своите студии се има стекнато со Лиценца од Комисија за хартии од вредност за работа со хартии од вредност. 

Првото работно искуство за време на своите студии го започнува во Невладината организација Medecines Sans Frontieres, во период кога организацијата ја доби Нобеловата награда за мир.

Потоа искуствата се нижат едно по друго и продолжуваат во Ревизорска куќа Б и Љ, во Скопје како соработник во ревидирање на финансиски извештаи и спроведување на интерните политики и процедури. Следува работната позиција во Алфа Банка АД Скопје како стручен соработник во сектор за финансиско работење, а потоа раководител на служба за сметководство и контролирање, истата работна позиција ја има и во Еуростандард Банка АД Скопје. Од 2010 година својата кариера ја продолжува во Агенцијата за супервизија на осигурување како раководител на сектор за супервизија,  од каде што настапува во Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп каде е назначен за член на Управниот Одбор.

Во 2012 година е избран за член на Советот за унапредување и развој на ревизијата, но поради превземањето на позицијата член на Управниот Одбор во Винер Лајф – Виена Иншуренс Груп ја напушта работата во Советот за унапредување и развој на ревизијата.

Во текот на 2015 година Дарко Дедиќ беше назначен за Претседател на Управниот одбор на Винер Лајф-Виена Иншуренс Груп, на која позиција се наоѓа и денес. 

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life