Г-дин Бернд Ахац
Член на управен одбор

Бернд Ахац, Член на Управен одбор, Винер Лајф
 
  •   Alpen Adria Universitat Klagenfut
    – Титула:
       Доктор на науки од областа на трговија
 
  •   Датум и место на раѓање
    – 1973 година во Австрија

Своето образование го има стекнато на Универзитетот Alpen Adria Universitat Klagenfut во Австрија каде се стекнал со титулата доктор на науки од областа на трговија .
Својата професионална кариера ја започна во 2000 година во Австрија како финансиски аналитичар во компанијата Flextronics , од областа на EMS (electronic manufacturing services) за Централна и Источна Европа (CEE).
Ја напушта компанијата Flextronics како CFO (финансиски директор) на Корпоративниот Центар за управување со ликвидност во регионот на Централна и Источна Европа.

Во 2005 година г-дин Ахац беше еден од одговорните менаџери за стартување банкарски и лизинг бизнис во Црна Гора за Хипо-Алпе-Адриа Груп.
По некое време тој стапи на позицијата на Главен Извршен Директор на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг Доо Подгорица и член на бордот на директори на Хипо-Алпе-Адриа Банка АД Подгорица.

На крајот на 2008 година, заедно со глобалната финансиска криза г-дин. Ахац е прераспределен на позицијата CEO, а подоцна и CFO на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг ООД во Софија, Бугарија. Во мај 2010 година Achatz е дел од управниот одбор на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг Тов (ДОО) во Киев,  а подоцна во 2011 како CFO e член на Хипо-Алпе-Адриа-Лизинг ДООЕЛ. Во 2012 година на трите земји беа ставени под капата на регионален менаџмент или кластер менаџмент HETA каде г-дин Ахац ја извршува функцијата COO, заедно со претходно наведените работни позиции во соодветните локални компании.

Во последниот квартал од 2013 година, г-дин Ахац својот потенцијал го посветува на ВИНЕР ЛАЈФ VIG во Македонија и стапи на функцијата, како член на управниот одбор, на која позиција се  наоѓа и денес.

Ул. 11 Октомври бр.25 КАТ/8, 1000 Скопје Република Македонија

Понеделник – Четврток 8.00-16.30
Петок 8.00-14.00

+389 2 3114 333
life@winnerlife.mk

winner life, vienna insurance group, винер лајф, лого

Со квалитетните и конкурентни производи, Винер Лајф на своите клиенти им овозможува финансиска сигурност. Конзервативното управување во согласност со законските одредби гарантираат целосна безбедност на инвестираните средства.

КАРИЕРА

WINNER LIFE Осигурување секогаш има потреба од млади и амбициозни личности што сакаат да изградат успешна кариера.

ЧЛЕН НА ГРУПАЦИЈАТА

Copyright 2020, Winner life